Градските власти во Крагуевац најостро го осудија сквернавењето на споменикот на стреланите Срби, Евреи и Роми во населбата Багремар и апелираа до надлежните институции да ги откријат и казнат сторителите. Како што е објавено на интернет страницата на Град Крагуавец, споменикот е прекриен со графити со спреј.
На местото на споненикот, на 20 октомври во 1941 година, нацистичката војска погуби 41 Евреин и 81 Србин и над 20 Роми (претежно деца од 10 до 15 години) во знак на одмазда за своите убиени војници, пренесува телеграф.рс.
На 20 октомври секоја година, Меѓународниот ден на Холокаустот, местото го посетуваат претставници на градските власти и на амбасадата на Израел при што се испраќаат пораки за мир и толеранција.