Аугуст Крог (15 ноември 1874 година - 13 септември 1949 година) беше дански професор во секторот за зоолошка физиологија на Универзитетот во Копенхаген од 1916 до 1945 година. Тој придонесе за бројни откритија во повеќе области на физиологијата и е познат по развојот принципот Крог.
Во 1920 година, Август Крог ја доби Нобеловата награда за физиологија или медицина за откривање на механизмот за регулирање на капиларите во скелетните мускули. Крог е првата личност која ја опиша адаптацијата на крвната перфузија во мускулите и другите органи според барањата со отворање и затворање на артериолите и капиларите.
Роден е во Грена, на полуостровот Урслан во Данска, син на Виго Крог, производител на бродови. Неговата мајка беше жена Ромка. Се школувал во катедралната школа Архус во Архус. Крог беше пионер во компаративната физиологија. Тој ја напиша својата теза за дишење преку кожата и белите дробови на жабите: Тој придонесе за над 200 истражувања на меѓународни списанија. Крог започнал да предава на Универзитетот во Копенхаген во 1908 година и во 1916 година е промовиран како редовен професор, каде што станува шеф на лабораторијата за физиологија на животните (зоолошка физиологија) на Универзитетот. Д-р Крог почина на 13-ти септември 1949 година во Копенхаген.