Тивкиот скандал на Европа: Деца Роми во државни институции за згрижување

Додека со векови, расистичките приказни ги предупредуваа децата да не талкаат низ шумите за “да не ги украдат циганите“, историската реалност е сосема спротивна. Ромските деца се тие кои што се киднапирани од страна на властите кои ги одделија од нивните семејства; киднапирани и ставени во сиропиталишта од страна на власти кои се настроени кон присилена асимилација, или во случајот со Нацистите и нивните сојузници, грозоморни експерименти и уништувања. Во демократскиот 21 Век, диспропорционалните броеви на деца Роми се отстранети од нивните биолошки семејства и се ставени во институционална државна грижа.

Новиот извештај од страна на ЕРРЦ  насловен како “Уништени Животи“, кој е изграден врз база на факти кои се собирани десетина години и врз база на правни предизвици на вакви дискриминаторни практики низ десетина држави, покажа дека, многу Ромски семејства кои се во ризик немаат пристап до социјална поддршка, а превентивните мерки се во многу мал број, често пати дури и не постојат во опустошените региони каде што потребата е најголема.

И покрај декларираниот недостаток на етнички поделени податоци, истражувањето покажува дека на пример во Словачка, каде што Ромите се 6-8% од целовкупното население, околу 63% од децата кои што се во државните згрижувачки институции се Роми. Ромите во Романија се 8.32% од целовкупното население, но преголемата застапеност на ромските деца кои се згрижени се движеа од 35% до 75% според регионот.

 

Link: https://www.travellerstimes.org.uk/features/europes-silent-scandal-romani-children-state-care-institutions?fbclid=IwAR3YiEmzpwXoGCHvWjQ1e6Y0io7xporK1U2KuXu62our2Ketus4bTg_jB5w

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 127 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата