Поповод 8 ми Април Меѓународниот ден на Ромите и 50 години Јубилеј на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ и одржувањето на Првиот светски когрес на Ромите во Лондон во 1971 година, делегација од Мрежата за Системски и трајни решенија за интеграција на Ромите од Р.С. Македонија како и други преставници од Ромската заедница беа на прием кај Претседателот на Собранието Талат Џафери. Мрежата ја застапуваа Зоран Димов како претседател на ИРУ , Шенај Османов , Ферат Асан Претседател на ОО СДСМ - Шуто Оризари и Љатифа Шиковска и како пратеник.
На средбата и приемот на Претседателот на Собранието Талат Џафери му беше доделена од страна на Мрежата посебна плакета како огромен придонес кон Ромската заедница, и воедно Повелбата поповод овој ден.
Талат Џафери по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.
Тој посочи дека градењето на инклузивно општество, со достоинствени услови за живот, творење, напредување на секој поединец е наша обврска која произлегува од ратификуваните универзални декларации, од Стратегијата за Ромите и Стратешките планови на Владата, така што во ниту еден миг не смее да се доведе во прашање целосната интеграција на сите наши граѓани.