Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во Собранието се вработени 257 лица, но во оваа бројка не се и пратениците. Вкупниот број на вработени во јавниот сектор во 2020 та изнесувал 131.183,од нив 19.594 се вработени во безбедносните структури , во Армијата, Полицијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и во Финансиската полиција.
Точно 1 102 вработени во јавниот сектор имаат над 64 години, напроти нив на возраст од 18 до 25 години се 2 112 административци. Просечната возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години, но најбројни се оние од 46 до 55 години. Возрасни групи – вработени во јавен сектор : Од 18 до 25 години 2 112
Од 26 до 35 години 19 603 , Од 36 до 45 години 30 947, Од 34 до 55 години 32 231, Од 56 до 64 години 25 594 и Над 64 години 1 102 Во 2020 та година, според етничката припадност регистриран е зголемен број на вработени од речиси сите етнички групи , додека благо намалување во однос на 2019 та има кај вработените од ромската етничка заедница.
Конкретно, лани 80.891 од вработените биле Македонци, 23.269 се Албанци, 2.436 се стнички Турци, 1.567 се Роми, 1.567 се Срби.
Македонска 72,49%
Албанска 20,85%
Турска 2,18%
Ромска 1,40%
Српска 1,16%
Бошњачка 0,51%
Влашка 0,49%
Друга 0,91%