На ФБ профилот на Albert Black осамна овој статус: „Денес бев во Шуто-Оризари и секој трет велосипед што го видов како го возат по улица беше префарбан. Извозев малку и по споредните улички и скоро во секој двор има по минимум еден велосипед од кои голем број беа префарбани, а некои беа и расклопени. Видов и луѓе со стари валкани алишта како возат убави велосипеди. Мислам дека голем број од нашите украдени велосипеди завршуваат таму. Мислам дека со поставување на полициски контроли на следните четири крстосници кои водат до Шуто-Оризари, кражбите на велосипеди би се намалиле за најмалку 50%. Полицијата ќе треба да ги легитимира сите сомнителни лица кои возат велосипеди кон Шуто-Оризари и да го фотографираат велосипедот, а особено ако забележат дека на велосипедот нема систем за заклучување. Така, откако оштетениот ќе пријави кражба на велосипед со одредени карактеристики, полицијата ќе може веднаш да реагира. За да се спроведе ова, доволни се 16 полицајци - по двајца на пункт во две смени по 12 часа. Дури и да не даде резултат, треба да се проба. Има ли МВР, односно СВР-Скопје волја да го направи ова??„