Пред еден месец преку интернет етерот, со свој сигнал започна да работи првата ромска телевизија во светот - ТВ БТР Национал.
Инаку ТВ БТР- Национал со совата работа започна во далечната 1992 година прво како радио а потоа и со своја 24 часовна ТВ програма. Полека но сигурно напредуваше во медиумскиот етер така што по една деценија ТВ БТР се ештаблираше како прв приватен медиум од Македонија на сателит.
За сите овие години ТВ БТР-Национал беше автор на многу програмски пакети и илјадници часови на ТВ, документарни и филмски програми од сите профили.
И ден денес ТВ БТР остави неизбришливи траги кај публиката кој и ден денешен со носталгија се сеќаваат на тој период. Некаде пред 5 години престана да зрачи на медиумскиот етер, но затоа пак пред месец дена пак профункционира сега како интернет телевизија. Многу скоро се очекува и да започне со својата програмска шема, од секој профил. политика, информации од локален, национален и интернационален карактер, култура, традиција, документарни и играни серии, забавна програма и др. Според Зоран Димов сопственикот на ТВ БТР ќе понуди програмска соржина која ќе ги задоволи сите вкусови на гледачите.