Во врска со етнички мотивираните инциденти во Кочани во кое мета на радикални структури е ромската заедница, ЦИВИЛ испрати прашања до Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој воедно е и прв вицепремиер. Одговор стаса од Кабинетот на Груби во кој е вели:
„Ги осудуваме немилите изолирани настани на етничка и била која друга основа. Владините политики за еднакво општество на рамноправни граѓани се покажаа како успешни и тоа се рефлектира во односите помеѓу сите заедници во земјата, во насока на изградба на кохезивно општество на сите граѓани интегрирани во НАТО и ЕУ. За изолираните инциденти го повикуваме МВР и Јавното обвинителство да го расветлат случајот. За конкретниот случај ќе стапиме во контакт и ќе разговараме со градоначалникот на општина Кочани и општествените локални лидери со цел да дадеме придонес за целосно почитување на правата на сите граѓани во земјата и да се стави крај на дискриминацијата по сите основи.
Одговор на прашањата сѐ уште се очекува од Министерството за труд и социјална политика, Дарко Стојчевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани и од независниот советник Венко Крствски кој на својот Фејсбук профил за инцидентите напиша „око за око, заб за заб“.