Во рамките на одбележување на 8-ми Април - Светскиот ден на Ромите, Мрежата за трајни и системски решенија за Ромската заедница заедно со Владата на РС.Македонија, спроведоа акција на делење на пакети во кој имаше хигиенско заштитни средства за социјална ранлива категприја граѓани од ромската заедница.
Беа поделени 300 пакети во места населени Роми на територија на градот Скопје. Акцијата беше спроведена од аспект на мал придонес во борба против пандемијата со Ковид 19.
Ова беше сам мал гест од страна на Мрежата за трајни и системски решенија заедно со Владата за скромен придонес кон ромската заедница, поповод овој ден.