Преттседателот на Србија Александар Вучиќ присуствуваше на отварање на Европскиот ромски институт за уметност и култура и воедно во неговото обраќање напомена:
„ Ми преставува задоволство што сум тука присутен. Ние на овие простори сме научени да се бориме против другите, а денес сум среќен што можеме да се бориме против различностите и инклузија на Ромите.
Тука говоревме за ранливоста, но ја би споменал и за потенцијалот кои го имаат Ромите денес во Србија. Тука има голем број на млади, уметници, научници.. Потребно е да го развиеме и претприемачкиот дух кај Ромите. Ќе вработиме и 100 Роми во јавната администрација.
Претседателот истакна дека Србија не ги дели луѓето според националност или религиска припадност, а затоа сведочи и процесот на вакцинирање кој е организиран за сите граѓани на Србија„