Ромот Петар Шчука е единствен производувач во Чешката Република кој произведува маици, машни или ленени торби кои имаат симболи со Ромски знамиња кои се рачно лепени со Сваровски кристали кои потоа тој ги продава во неговата онлајн продавница.
Идеата да си има свој онлајн бизнис му дојде на ум пред три години кога си направи маица за себе со светкавите мали кристали.
“Мојата жена и јас на почеток планиравме да отвориме мала продавница во 2020 со предмети кои имаат Ромски мотиви, ние имавме во предвид да нудиме маици и за мажи но и за жени. Пандемијата ми ги расипа плановите и ние никогаш не отворивме локал,“ се жали тој.
Морам да признам дека лепењето одзима најдолго време бидејќи секој кристал е навистина минијатурен, мора да се научите и да имате многу стабилна рака. Една маица има околу 100 кристали, “Шчука открива дека има и нарачки од Австрија, Словачка и Америка.
“По една година на пазарот, ние не ја таргетираме само Словачка и Америка, туку исто така и Британија или Канада. Производите не ги нарачуваат само Роми, туку исто така и луѓе од мнозинствата, или од тие кои работат со Роми или во про-Ромски организации,“ заклучува Шчука.