По повеќегодишна пауза на 31 мај оваа година се одржа 5-от фестивал на детски ромски песни кој и претходно беше во оргниацијс на СП БТР продукцијата. На овогодишното издание учествуваа деца Роми од основните училишта од територија на општина Скопје.
На програмата беа застапени девет нови детски композиции. Целиот настан беше одржан на отворено во летната тераса на ресторантот „Матекс„во Шуто Оризари. Пред присутната публика децата се преставија со теми како што се „Корона„, „Парти, Парти„, „Носам бренд„,„Нејзе неможам да ја заборавам„, „Сакам хамбургер и помфрит„, „Мојот батко и дада„, „Не се срамам што сум Ром„, Мамо I love you и „Главна фаца„
Музиката и аранжманот беше направен од страна на Реан Незировиќ и Самир Незир додоека текстовите беа дело на Енис Муарем.
Цлит настан беше финансиски одржан со средства од Министерството за Култура на Република Северна Македонија.