Во рамки на реализација на Проектот „Локални Херои - Светски Таленти„ кој го реализира и го спроведува Здружението Ромски Деловен Информтивен Центар - ЗРДИЦМ, во соработка и финансиски подржан од градот Скопје - сектор Култура,настанот се одржа на ден 29.05.2021 година - Сабота со почеток од 20 часот, во централниот дел на населбата Топаана (попознат како „Две чешми„)
Настанот се спроведе пред насобраните граѓани на Топаана каде свој вовед за историскиот значај на најстарата ромска населба на Балканот - Топаана го имаше Етнолог - М-г Даниел Петровски , а истовремено и претседателот на ЗРДИЦМ,Зоран Димов. Потоа беше прикажан и документарниот филм „Локални Херои - Светски Таленти„