Пред гостите да влезат во локалот каде треба да се оддржува свадбената прослава задолжително ќе треба да ги дезинфицираат рацете и на секој гостин треба да му се измери температура. Гостите не смее да се ракуваат и гушкаат со младоженците, и помеѓу нив со останатите присутни на забавата. Од владата денеска потврдија дека жива музика ќе има само на свадбените прослави но под услов бендот да е поставен најмалку пет метри од масите на кои има гости.
Младоженците мора да достават список на гости кои може да бидат легитимирани од менаџментот на локалот каде се оддржува веселбата а свадбата мора да биде пријавена во Угостителската комора каде членува ресторанот. Оро и слични танци не смее да има, може да се игра на подиум ама на дистанца.
„Дозволено е играње на подиум, тоа го предвидува протоколот, со обезбеден простор од четири метри квадратни по лице со почитување на препорачената дистанца“, рекоа од Владата.