Се до 2 Јуни, официјалната веб страна на Окружниот Комитет на Комунистичката Партија на Бохемија и Моравија (КСЧМ) во Фридек-Мистек, Република Чешка, која што е поврзана со главната веб страна на Националната Партија, стоеше расистичка содржина наречена “Владата Одобри Интеграционен План за Цигани“(Vláda schválila plán integrace Cikánů) тоа дојде до внимание на порталот за вести Romea.cz од страна на еден од нашите читатели. Делото кое што беше објавено на 24 мај без наведување автор или повикување на какви било извори на информации, известуваше за одобрување на Стратегијата за Ромите 2021-2030 и го коментираше на отворено расистички начин.
Анонимниот напис ги имаше следниве дефаматорни обвинувања – “Цигани – неработниците и паразитите на Чешката нација“, “Тие кои чесно работат сиот свој живот и плаќаат даноци, мора да оддадат место во Канцеларијата за невработени на циган или циганка кои што не работеле ниту еден ден во нивните животи?“ или пак “Циганчиња (не сите) понекогаш се ставени во “посебни“ класови поради нивното лошо воспитување, нивната агресија, нивниот помал интелект, да бидат помалку способни да разберат материјал и да научат. Тоа не е вина на мнозинското општество, туку историска ‘природа’ на циганчињата, поголем дел од вината е во апсолутно недоволната грижа и воспитување од страна на нивните цигани родители за време на нивната предшколска возраст.“