Пратеничката во собранието на РС Македонија Љатифа Шиковска оствари средба со граѓаните Роми кои живеат во населба Геге во општина Ѓорче Петров. Се разговараше за моменталниот проблем со кои се соочуваат во однос на подигање на sидови пред нивните живеалишта во висина од околу 3 м.. Потоа се разговараше и со Градоначалникот на општината Александар Наумовски, кој кажа дека sидовите ќе се подигнат поради безбедност. Но за одредена безбедност постојат и други решенија а не подигање на sидови. За вторник предвидена е средба со Градоначалникот и преставници од жителите на Геге, се со цел да се најде соодветно решение.