Во македонската географија на Македонија (Северна), но и пошироките меридијани, Ромите вербално се обврзани да бидат заедно, но во пракса тие постојано работат, свесно или без неа, за поделба и раскол.
Нашиот балкански менталитет, се рефлектираат во нашето општество, но и во политиката. Овој одраз не прави непријатели, не отуѓува , не скарува.
Што се случува сега веќе некое време во нашиот простор? Тие што се занимаваат со политика, се со „калкулатори“ во џебовите, пред изборите, било кои да се тие.
Но дали се свесни дека со такво однесување си препишуваат и - пропаст! Да ставиш во „сенка„ луѓе и да ги одвоиш е јасен сигнал дека неќеш ни да ги гледаш! А утре кога ќе дојдат изборите, и од тие луѓе кој не сакаш ниту да ги гледаш ќе го бараш нивниот глас!
Со кое лице ќе дојде повторно во тоа место и ќе ги убедува дека ако гласаат за него ќе им го направи местото за живеење уште подобро! Како? Со подигање уште „берлински ѕидови„?
Лицемерије до даска! Наместо да им понуди инфраструктурни решенија од типот, асфалтирање на патиштата, безбедност во сообраќајот, лежечки полицајци, обележување на пешачка зона, премин и слично тој се решил на Ѕид од 3 метри!
А капак на се тука се и коментарите на нивните први соседи - неРоми! Човек да се згрози од злобата која вирее и испливува од нив. Тоа не се соседи и луѓе! Тоа се простаци и ѕверови! Се декларираат како луѓем живеат во згради и стамбени објекти, ама со коментарите, како да живеат во дивина - пустелија!
И власта и опозицијата добро знае дека во мултикултурно општество како нашето, проблемите не се решаваат со кревање на ѕидови. Поделбите, омразата, сегрегацијата, дискриминацијата… не се дел од Стратегијата за едно/еднакво општество за сите, напротив. Нашето општество треба да ги руши меѓуетничките ѕидови, наместо да гради нови! Макар од првичниот три метра сега да стане 1.75. Ѕид си е ѕид!