Кога беа направени првите вакцини против коронавирусот, не се дебатираше за тоа дали може и треба да се мешаат, кога ќе се зема втората доза.
Без доказ е стравот дека комбинацијата на вакцините против коронавирусот – добивање прва доза од еден произведувач на вакцина, а втора доза од друг произведувач на вакцина е опасно, пренесува агенцијата AGI, која ги цитира зборовите на советникот на комесарот за вонредни состојби, Гвид Раси.
“Напротив, миксот на вакцини ги зголемува антителата. На пример, кај оние кои се имунизирани со една доза на АстраЗенека, а потоа како втора доза ја добиле вакцината на Модерна или Фајзер, вакцината развива повеќе антитела“, тврди Раси кој бил извршен директор на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Link: https://republika.mk/zivot/zdravje/koi-se-prednostite-od-kombiniranje-na-vakcinite-protiv-kovid-19/