Осум бугарски Роми во средата се уапсени во пристанишниот град Солун и обвинети од јавниот обвинител за експлоатација на нивните деца и нивно изложување на опасност. Според обвиненијата, тие ги принудувале децата да просјачат по солунските улици, да бараат храна во ѓубрето, а нивните парични добивки ги користеле за да се коцкаат во казино во Бугарија. Апсењата биле извршени по четиримесечна истрага од единицата за организиран криминал во градот. Случајот вклучува експлоатација на осум деца, сите на возраст под 11 години, пренесе Екатимерини.