Околу 700 неевидентирани лица, претежно Роми ќе добијат матичен број. Ова го предвидува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, поденесен од пратеничката на СДСМ Љатифе Шиковска. Предлог законот го помина филтерот на две собраниски комсии, за политички систем и законодавно правната комисија. Се очекува тој да се најде на собраниска седница на 15 или на 22 јули,
Пратеничката Шиковска вели дека броjот на лицата што немаат извод на родени, е добиен од теренската работа. Според неа сите досега евидентирани 677 лица се од ромска националност. Смета дека оваа бројка е многу поголема и затоа со Предлог законот предлага рокот за поднесување на барањата да биде продолжен за 12 месеци т.е. до 30.06.2022 година.