За среќа, никој не е повреден во големиот пожар што зафати голем број на бараки во сараевската населба Буќа Поток. Пожарот остави без покрив над 20 луѓе, меѓу кои осум деца.
Како што дознаваме, повеќето од нив се Роми. Пожарот се случи на 19 август оваа година.
Веднаш откако дознаа за пожарот, членовите на Владата и Собранието на Кантон Сараево го посетија местото, и како што изјави премиерот на кантонот Сараево Един Форто, се преземаат активности со цел итна помош на семејствата кои останаа без покрив над главата.
„Среќата во оваа несреќа е што нема повредени. Веднаш контактиравме со Цивилната заштита, хуманитарните организации и Министерството за образование на КС подготви специјална програма за помош на децата. Во тек се неколку активности за помош на овие луѓе на кои не им остана ништо за само еден час. Ние, како заедница, мора веднаш да им помогнеме.
За голем број граѓани кои се јавуваат во службата за цивилна заштита кои покажуваат подготвеност за помош во форма на храна, облека и други работи, информациите за тоа каде и кога може да се достави помош ќе бидат достапни во наредните денови откако ќе бидат сместени сите семејства во алтернативно сместување.