На социјалните мрежи се нудат и бараат лажни сертификати за вакцинација против ковид-19, откако беа воведени новите рестриктивни мерки за забрана за влез на невакцинирани во кафулиња, кафеани, трговски центри, прослави од секаков вид, работилници, но и културни и спортски настани.
Во приватната група на Фејсбук „Купи продај Огласник“ се споделуваат информации и контакт броеви од лица кои можат да изработат лажни сертфикати. Според коментарите јасно може да се види дека со фалсификувани сертификати некои граѓани веќе посетувале угостителски објекти, а како што се тврди во дел од коментарите дури и преминувале гранични премини.