Како дел од нивниот проект Романо дром, кој се одржува веќе неколку години, детскиот хор Čhavorenge Romani, предводен од Ида Келарова и Чешката филхармонија ги посетија ромските населби во Словачка за да им донесат надеж, радост и музика на оние живеат таму. Романо дром е двонеделна летна школа за изведувачки уметности која долго време поддржува музички талентирани ромски деца и младинци.
Проектот заврши оваа година со три големи концерти во источните словачки ромски населби Хермановце, Ракаси и Списке Томчовце. Во текот на повеќе од една деценија соработка, Čhavorenge Romani и Чешката филхармонија свиреа и пееја во Белфаст, Братислава, Лондон, на фестивалот „Похода“ („Задоволство“) во Словачка, на фестивалот Сметана во Литомил, Чешка и многу повеќе.