Дали усташките извици „За дом спремни“ ќе бидат забранети? Изјавата на вицепремиерот Томо Медвед дека „препораките на Советот за справување со минатото се доволни“ ја коментираа преставниците од ромското национално малцинство. „Она што е многу важно е дека ние ќе продолжиме да бараме, да работиме на тоа на сите можни начини, да инсистираме, заедно со сите други национални малцинства, тоа да биде забрането“, рекоа тие. „Ние не бараме ништо друго освен она што го направија другите земји, на пример Австрија - тие веќе воведоа казни за такви симболи и извици. Значи, може да се направи. Наше мислење е дека оваа Влада прави многу за малцинствата. И многу е важно, мора да се создаде одредена клима.рекоа преставниците од националните малцинства.