Во старото нервно одделение и околината во Штип сместени се 35 ромски семејства кој живеат во крајни мизрени услови. Во периодот кога времето е добро како што велат Ромите од тоа место некако се снаоѓаат, но проблемите се кога веќе настапува зимскиот период.
Соговорниците велат дека многу тешко се живее во такви услови. Пробелм се и децата. Една самохрана мајка на 3 малолетни деца чија просториа пред извесно време беше опожарена од засега непознати лица вели дека се бри самата за преживување на секој ден
„Сопругот е на издржување на затворска казна. Јас самата се снаоѓам како знам и умеам со три мали деца. Единствен приход ми е помошта за трето дете. Но тоа воопшто не е доволно. Слични изјави имаат и останатите Роми. Од општината велат дека прават напори и изнаоѓање на решенија за нивно сместување и згрижување, Но сето тоа може да се случи после локалните избори. Дотогаш овие Роми ќе бидат на маргините од општеството.