На своја 64 годишна возраст почина еден од основоположниците на Ромската политика и ромското движење во Македонија, Др Бајрам Берат.
Др Бајрам Берат беше првиот доктор Ром и првиот воен Доктор Ром,
Од 1997 до 1999 година е претседател на првата ромска политичка партија во Македонија – ПЦЕР.
Од 2006 година е претседател на политичката партија за интеграција на Ромите-ПИР. Бил член на Советот за меѓунационални односи во Собранието на Република Македонија. Од 2001 до 2002 година е советник на министерот за внатрешни работи на Република Македонија. Од 2007 до 2010 година е виш полициски советник во Биро за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во 2010 година е именуван за Заменик национален координатор за гранично управување при Владата на Република Македонија. Беше еден од најмоќните оратори и интелектуалец.