Пред почетокот на најважната статистичка операција за државата- пописот, од големо значење е граѓаните да бидат непристрасно, квалитетно и веродостојно информирани за целиот процес на спроведување, но уште повеќе да бидат едуцирани за тоа зошто пописот е важен.
По тој повод на во Петок на 3 септември Кабинетот на Министерот за Правда Бојан Маричиќ придружен од зам.министерот Агим Нухиу како и државниот секретар Мухамед Точи имаа средба со дел од ромскиот НВО сектор. Во име на НВО секторит од Мрежата за системски и трајни решенија беа Самет Скендери од ИнСоК и Зоран Димов од РДИЦМ и Иса Емини од ХДЗР Месечина - Гостивар. Во име на Ромалитико присутен беше Елвис Шакири. Истовремено на средбата беа и актуелната пратенчка во Собранието на РСМ Љатифа Шиковска и Елвис Мемети советник за инклузија на Ромите при Владата на РСМ.
Од учесниците на оваа средба се очекува да дадат свој придонес кон подигнување на свеста на граѓаните за значењето на пописот и за негово успешно спроведување.
Закучокот од оваа средба е сите страни да бидат посветени за координација на секоја активност за добар почеток на пописот.