Корисниците на социјална помош во Ниш би можеле да бидат вработени како комунални чувари кои ќе го контролираат почитувањето на епидемиолошките мерки. Градоначалничката на Ниш, Драгана Сотировски, изјави дека во тек се разговори со Центарот за социјална работа за ангажирање невработени граѓани во својство на „Ковид - чувари“.
А 11 - Иницијативата за економски и социјални права изразува загриженост поради објавата на градоначалникот на Ниш, бидејќи вработувањето на корисниците на социјална помош би било принудно и неплатено.
Таквиот вид на вработување би резултирал со трудова експлоатација на корисниците на социјална помош, а таквата работа се квалификува како принудна и кршење на Уставот.