Како единствен филм од Република Северна Македонија кој за прв пат ја покажува драматичната историја на Ромите, од нивното потекло до нивната миграција и денешна позиција во светот документарниот филм „Небо Точак Земја„ во продукција на СП БТР е избран за финалната вечер и е еден од главните фаворити за наградата „Златен просјак„ на 27-от Филмски фестивал во Кошице, Словачка.Фестивалот се одржува на 17 и 18 септември оваа година. Филмот е направен во 2019 година.