„Албанските анти-ромски комични емисии емитувани од телевизиите на национално ниво ги прикажуваат Ромите како непривлечни, туѓи и недоверливи лица“, вели адвокатот Џенон Цела за две телевизиски програми кои поттикнуваат омраза кон Ромите особено, програмата Портокали на Топ-Канал и Ал Пазар на каналот Визија Плус. Програмите го исмејуваат карактерот на Ромите, како и нивниот акцентиран албански јазик и се проследени од пошироката јавност.
Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) објави статија на својата веб -страница привлекувајќи внимание на овој феномен. „Додека на друго место во Европа, белите актери со црна кожа заради забава се неприфатливи, во овие албански емисии сите ромски ликови ги играат бели актери со лицата обоени во темно кафеава боја, што го сметам за неприфатливо“, нагласува Цела,
Слично анти-ромско шоу може да се види и на чешки јазик преку страницата за социјално вмрежување Фејсбук под името „Jútuber Jožka“. Компанијата одби да ги блокира тие расистички видеа и покрај тоа што беше повикувана постојано да го прави тоа.