Од денес 27 септември па се до 15 октомври стартуваат кампањите на политиччките парти и независни кандидати во пресрет на Локалните избори кои првиот чруг ќе се одржат на 17 октомври.
Како што беше соопштено на 27-та седница на ДИК, од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147. На Локалните избори закажани за 17 октомври 2021 ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани.
300 кандидати за градоначалници за 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје. Една од нив е и единствената ромска општина Шуто Оризари. За таа функција има 5 кандидати: Асан Ферат предводен од коалицијата на СДСМ, Геге Демировски од коалицијата „Ром Ромеске„, Исеини Халити од ДПА, Тефик Махмут од Левица и Курто Дудуш од ЛДП и ДОМ.
Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.