По повод 8-ми Април- Интернационалниот ден на Ромите и 50 годишнината од ИРУ, Мрежата за системски и трајни решенија доделуваше плакети „За особен придонес кон Ромската заедница„ на институции организации
По тој повод во име на Мрежата за системски и трајни решенија беше доделена плакетата и на МЦМС,Скопје поточно на нејзиниот изврен диретор Александар Кржаловски.
При доделување на плакетата Г-дин Кржаловски изрази благодарност кон мрежата како и признанието кое му беше доделено, и напомена дека ќе продолжи да го дава својот придонес кон Ромската заедница и понатаму, за да таа заедница ги почуствува бенефитите кои му ги дава општестеството и неговото уредување. Тој напомена дека секогаш ќе биде тука и за помладите генерации за да го пренесе своето искуство и знаење, кое мора да се признае е огромно.
Инаку плакетата беше доделена за време на фестивалот на НВО секторот во Градски парк и делегацијата беше составена од Самет Скендери - Инсо, Зоран Димов - РБИЦМ и државниот секретар при министерството за Правда Мухамед Точи