Група ромски организации од Западен Балкан испратија отворено писмо до шефовите на држави и влади на Западен Балкан, во кое спаѓаат Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, но и турската влада.
Писмото беше упатено и до еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархелеи, генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, словенечкото претседателство со ЕУ и Федералното министерство за надворешни работи на Германија.
Во писмото се посочува дека заклучоците од вториот министерски состанок на земјите од Западен Балкан од јуни 2021 година не ја споменуваат борбата против анти-циганизмот или барем дискриминацијата, и покрај обврските преземени од државите и фактот дека тоа е главната причина на дискриминација.
Потписниците на писмото се Рома Актив Албанија, Отхарин(БиХ), Гласот на Ромите, Ашкалиите и Еѓипќаните, (Косово), Напредуваме заедно (Косово), Пхирен Аменцар (Црна Гора), RROMA (Р.Северна Македонија), Форумот на Ромите (Србија), Асоцијациа нулта дискриминација (Турција), Централен совет на германските Синти и Роми - Белгија.