На почеток на овој месец во македонскиот медиумски етер стартуваше со работа ребрендираниот медиум Телевизија TV B1. Ребрендиран е затоа што е на френкфенција од некогашната Телевизија Шутел. Сега е со нова сопственичка структура, како и свој нов технички и уредувачки кадар. Воедно направена и целосна програмска реформа со нови програмски содржини. Тимот кој работи во TV B1 е составен од проверени и искусни професионалци како и нов свеж телевизиски кадар. Според информациите од уредувачкиот тим во програмата која же биде 24 часовна ќе опфаќа од секој сегмент, информативен, забавен, образовен, културен и збогатен со филмски програм. Планирани се голем број на емисии од секаков карактер и соржина. Исто така треба да се напомене дека и ќе информира и на ромски и македонски јазик. Нека е со среќа TV B1.