За прв пат со активните мерки за вработување Агенцијатра за вработување Скопје, започна спроведување на обуката за 8 невработени лица, за занимањето Педагошки помошник за ученици во основно образование, согласно верификувана Програма за обука од Спроведувачот на обуката. Спроведувач на обуката ќе биде Здружението Ромски Деловен Информативен Центар од Македонија.
Обуката ќе биде во траење од три месеца. За време на обуката самите кандидати за Педагошки помошници ќе бидат теоретски а потоа и практично обучувани. На крајот од тој три месечен период потоа же се полага завршен испит и истите ќе се стекнат со сертификат „Педагошки помошник„. Целата обука за секој од осумте кандидатите кој засега се од Скопје како и спроведувачот ЗРДИЦМ ќе биде и финансиски покриен од страна на АВРМ .
По завршување на таа обука и стекнатиот сертификат, следниот чекор ќе биде нивно рабтотно ангажирање во некои од основните училишта на територијата на град Скопјје. Инаку на средбата во Владата на РСМ во кабинетот на премиерот помеѓу советникот за ромски прашања Елвис Мемети и претседателот на ЗРДИЦМ Зоран Димов се разговараше оваа обука да се прошири и низ другите општини на територијата на државата.