Поповод една година од смртта на Амди Бајрам некогашниот лидер на Сојузот на Ромите и пратеник во неколку мандати во Собранието на Република Македонија, актуелниот претседател на Сојузот на Ромите Габриел Бајрам поповод тој ден објави емотивна ФБ објава на која стои:
„Го нема... Го нема човекот кој од мене направи човек!!! Денес, навршува една година откако ја нема личноста која од мене направи лик!!! Се би дал да го нема мрачниот 24 октомври!!!
Се си е на своето место! Троседот, трпезаријата, колата, телефонот, работната маса, партијата, народот, политичарите, џамијата... Но него го нема!!! Нема кој да одмара на троседот и игра со внуците, нема кој да седи на главното столче на трпезаријата и да ја собере цела фамилија. Нема кој да седи на предното седиште на колата, нема кој да ја разубави колата, бидејќи без него не личи. Сеуште стои празно неговото столче на работната маса во партијата!!! Народот, на митинзите ја нема таа еуфорија која ја правеше неговиот став и име. Народот нема на кого да викне АМДИ АМДИ АМДИ!! Нема кој да чукне на маса, нема политичар кој знае да преговара!!!
Се е тука, но ништо не вреди, бидејќи татко ми не е тука!!!
Почивај во мир, татко мој!!!
Ако ме гледаш од негде, те молам насмеј ми се и кажи ми: Се гордеам со тебе сине!!!