Со својата вистина се огласи и Габриел Бајрам

Статсус, РЕАКЦИЈА на Габриел Бајрам:

 

„Почитувани граѓани, Република Северна Македонија е демократска држава која дава можност за слободно изразување на мислата, ставот и јавното говорење во секоја област.

Особено се радувам на македонското новинарство што има можност да истражува и пренесе новини кои го опкружуваат нашето македонско општество, што до пред некое време, слободата на јавното говорење, истржувачкото новинарство како и изразувањето на лични ставови беше анатема и контролирано се со цел да се заштити нечиј личен интерес.

Сакам јавно да упатам честитки до дел од новинарите кои во текот на изминатите денови се однесуваа повеќе како инспектори а помалку како репортери кои имаат задача да известуваат објективно, чесно и непристрасно, согласно Кодексот на новинарите – член 10.

Од аспект на бизнисмен, разбирам дека fake новостите секогаш се поисплатливи и повеќе продадени од вистинската вест, но во ниту еден случај не можам да разберам зошто се користи семејството Бајрам за кревање на репутација на одреден интернет портал, кој според неговата уредувачка политика, може да се заклучи дека шири ксенофобија и етничка ом раза, ако се земе предвид дека информациите поврзани со ромската заедница секогаш ги пренесува со голема доза на стереотипи и предрасуди.

Патем, ова што го говорам не е само алиби, туку и реалност кога уредникот на порталот, за време на локалните избори во Кочани, упатува директни закани и провокации кон Ромите на 30.10.2021 година.

Како и да е… не би сакал да обврнам внимание на личност, која сака со моето име и презиме да крева репутација. Но секако, честитки за неговата храброст и го поканувам да го истражува целиот случај до крај.

Сега, почитувани граѓани, дозволете ми ја образложам за настанот. Градски Трговски центар издава деловни објекти на правни и физички лица. Нашата семејна компанија, која се бави со сервисирање, увоз и извоз на компјутерска опрема, изнајми магацински простор каде се чуваат компјутерски делови неопходни за нашата ра

Најодговорно тврдам и воедно демантирам дека во тие магацински простории се “копаат криптовалути“. Нашата компанија е лиценциран правен субјект во земјата која работи со увоз и извоз на репроматеријали за сервисирање и одржување на компјутерска опрема.

Тоа може да се провери и во списите на Централниот регистар на Република Северна Македонија. Неосновани се лагите дека, јас и моето семејство, нелегално користиме струја од ГТЦ.

Нашата фирма, како и сите останати деловни субјекти во ГТЦ, секој месец, редовно плаќа одржување и струја согласно нашите договори за изнајмување на деловен простор. Не ја разбирам медиумската хајка на новинарите против нашето семејство Бајрам и воопшто против ромското политичко движење.

Имено, кога во мојот двор, за време на локалните избори, беше фрлена бомба, никој од медиумите не се појави на мојата прес конференција пред партискиот штаб, освен ТВ21. Се прашувам зошто?!

Зарем таа вест не била доволно добра за да се продаде и заработи во медиумскиот простор? Или пак можеби, приватниот живот на семејството Бајрам е повеќе интересно за читање отколку добрината и хуманитарната работа која ја прават?!

Министерството за внатрешни работи доследно и целосно ја провери информацијата и утврди дека не се работи за никакво нелегално односно кp ивично дело.

Сепак, семејството Бајрам како и секогаш, знае да биде трпелив и мудар во било какви и да се монтирани настани или нарачани хајки против нас. Но тоа што особено ме тангира е нешто многу поголемо.

Нешто што не може и не верувам дека ќе се среди до недогледно време. Тоа е тенденциозното информирање на медиумите кон Ромите. Со тенденциозното информирање за овој настан, за жал се создаде антициганизам кон Ромите и се нарушуваат добрите меѓуетнички односи.

Ме загрижуваат коментарите по социјалните мрежи кои се повеќе и повеќе личат на лични препукувања по етничка основа. Аналогно на ова, се прашувам дали во рамките на уредувачката политика на медиумите, ќе се даде приоритет на приватниот живот на семејството Бајрам или на некој културен настан од ромската заедница или пак на некоја истражувачка сторија со која ќе се помогне да се реши одреден проблем на ромската заедница?

Затоа, ќе ги замолам сите медиуми а воедно и ги мотивирам да продолжат со истражувачкото новинарство, но исто така ќе ги замолам и уште една работа: Истражувајте и копајте да најдете вистинска вест, без тенденција да политизирате настан или да деградирате цело семејство.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 188 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот