Здружение на правници Роми: Пресудата на Кривичниот суд е со докази за полициската бруталност

Полицијата како дел од Министерството за внатрешни работи и полицаецот како униформирано службено лице врши работи согласно закон и предходно утврдени законски дејствија“, се вели во реакциата.

Здружение на правници Роми остро реагира и ги осудува барањата на Полицискиот синдикат од Битола за поништување на пресудата од Кривичниот суд во Скопје според која нивниот колега Г. П. од Битола е осуден на една година затвор.

„Донесената пресуда на Кривичниот суд во Скопје е врз основа на обезбедени докази во текот на постапка која што траеше една година. Здружение на правници Роми потсетува дека работа и законска обврска на полицијата е да обезбеди заштита на животот на граѓаните, укажување на помош и почитување на основните слободи и права, а не вршење на кривични дела, прекшоци и полициска бруталност. Полицијата како дел од Министерството за внатрешни работи и полицаецот како униформирано службено лице врши работи согласно закон и предходно утврдени законски дејствија“, се вели во реакциата.

Исто така, ЗПР го осудува говорот на омраза и етничкото профилирање од страна некои портали во кои експлицитно се наведува етничката припадност на жртвата Н.Јашаровски.

„Етничкото профилирање во медиумите не е исто што и следење и информирање за настаните затоа што ја вклучува намерата за донесување на одлуки врз основа на етничката припадност. ЗПР јавно повикува на објективно информирање согласно Етичкиот кодекс на новинари без поттикнување на говор на омраза, дискриминација и меѓуетнички тензии“, се вели во сооптението.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 270 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот