Љубовта не познава граници, нација, боја на кожа - во идеален свет. Во реалноста љубовта може да надмине многу работи, но кога е бракот во прашање работите се многу покомплицирани. Самиот израз на мешан брак сугерира дека се случило нешто што, според традицијата или предрасудите, не одат заедно.
Гавро Никоиќ (55) потекнува од ромско семејство кое со генерации живее од музика. „Ми доаѓаа школски другари и другарки, бидејќи мајка ми им беше драга и со неа можеа да ја запалат првата цигара и да се напијат кафе без никој да ги брани. Така беше и тогаш“, рече Гавро.
„Но, некои од другарките доаѓаа и поради мене, бидејќи имаше меѓусебни симпатии и се обидуваа да стапат во контакт со мене.
„Во еден момент ја сретнав мојата идна сопруга на Јадранот, на море. Таа дојде во ресторанот каде што свирев. Нашата врска започна и набргу потоа решивме да се венчаме. Наидовме на многу незадоволство од нашите семејства. Јас затоа што не е Ромка, а таа затоа што јас сум Ром. За мене, нејзините велеа дека нема да издржиме долго, дека сум со неа само формално, а моите се жалеа дека не е Ромка туку гаџованка, како што веќе велат моите за жените кои не се Ромки“.
Гавро Николиќ вели дека тој и неговата сопруга се развеле по 17 години брак. Ни ја кажа причината, но почитувајќи ја приватноста не сакаме да ја објавуваме. Само толку - не се работи за никакви предрасуди.
Link: https://www.dw.com/sr/kad-si-u-braku-s-nekim-ko-nije-na%C5%A1/a-60332594