Нови вработувања ќе има во Управата за јавни приходи. Во даночната администррација на земјава ќе се примат дури 40 нови луѓе.
Од овие 40 вработувања, за 25 работни места како услов во огласите е наведено дека треба да бидат Албанци по националност.
Потоа, четворица од оние што ќе се примаат ќе бидат Македонци, а четворица Турци според својата етничка припадност. Тројца од нововработените се педвидува да се Роми, двајца Срби, еден Бошњак и еден од друга националност.
Се бараат најразлични профили на кадри - асистенти, соработници, референти..., а нивните плати главо ќе бидат 500 или 550 евра, но има и такви од 220 или 300 евра.
И веќе погаѓате дека тие плати од околу 220 или 300 евра се резервирани за Ромите.
Во УЈП ќе се вработи еден помлад даночен оператор во повикувачки центари и ќе зема плата од нецели 320 евра.
Исто така позиција за Ром има и за двајца помлади референти за општи и заеднички работи, а ќе земаат плати од по 220 евра.