Во претходните текстови во врска со политичкиот рејтинг на ромските лидери, политичари и партии напоменав дека со псоледните случувања на политичката сцена во нашата држава си останаа само со прст во уста.
Ниту трошките од владиниот колач не успееа да ги земат.
И воопшто оваа сосотојба не тера да размислуваме:„Што е тоа што му фали на ромскиот политички блок?„
Ако фатиме по ред дијагнози ќе се редат една по друга.
- Истрошена, стара и не елоквентна ромска политичка гарнитура која мисли дека сеуште нешто вреди
- Ромски политичари и лидери кои немаат јасна и прецизна политичка платформа и визија
- Младите кадри ми делуваат како „зајачко – плашлива„ варијанта од страв да не „изгоррат„ негде во своте политички аспирации
- Полуписмени и приучени ФБ ромски лидери кои мислат дека се фактор кај ромската заедница, и уште еден мал милион примери.
Сакале или не мора да признеме дека кај нас РОМИТЕ фали фактор кој умее да „тресне со раката на маса„ и да покаже „заби„ ако сака да добие нешто за својот народ во оваа наша држава.
Да точно е дека ние Ромите сме кротки и мирољубив народ, но сепак потребно е понекогаш и „дрскост„ затоа што со „траење и премолчување„ гледаме до кое дереџе дојде Ромот во оваа држава.
Ни исто така мора вината да ја гледаме и во нас.
Колку сме ние како народ подготвени да водиме политика. Сведоци сме дека на тастатура сме многу „јаки„, но во пракса не нема никаде.
Знаат некои врели глави да се одважат и да повикаат во стилот:„Ова веќе не се трпи, потребна е РЕВОЛУЦИЈА„. Доста молчевме!
Но јас забележувам нешто друго. Нам како Роми не ни треба РЕВОЛУЦИЈА. Токму тоа „Р„ на нас Ромите ни е препрека и барикада. Наместо Револуција, нам Ромите ни е потребна политичка едукација и ЕВОЛУЦИЈА.
Токму така ни фали ЕВОЛУЦИЈА и размрдување на нашите мозочни политики вијуги. И се надевам дека потоа можеме да мрднеме од – НУЛАТА.
Инаку вака ако продолжиме, ќе бидеме секогаш во длабок МИНУС.