„Политички крокодили„ - Може ли некој да се занимава со политика, да помине низ таа бара, а да остане чист, неизвалкан, просто речено пристоен и одговорен?

Велат од лаги никој не умрел… И навистина така е. Но затоа пак умира пријателството, довербата, човечноста…

Човекот вреди колку и неговиот збор. А, кога зборот не ги следи делата, нема човек.

Политиката е сериозна работа за сериозни луѓе, мора да нуди квалитетни решенија за заедницата и никако не смее да биде анархистичка. А, ние денес, за волја на вистината, имаме „стенд ап“ политиканти.

Од јавната сцена направија валкана бара во кое се е дозволено – навредување, лажење, пцовки и етикетирање… Тоа е моделот кој ни го „продадоа“.

Го уништија критичкото размислување и направија подлога на која успева секоја лага или финта.

Може ли некој да се занимава со политика, да помине низ таа бара, а да остане чист, неизвалкан, просто речено пристоен и одговорен? Во овие моменти како што функционираат јас мислам дека – неможе!

Директори, советници на директори, раководители на сектори, државни службеници… На сите нив им е важна само позицијата, платата, бенифициите, а за народот ги заболе онаа работа.

Политички марионети, кукавици, паразити, лицемери… Не знае човек која лоша деноминација да ја одбере со која би го нарекол начинот на делувањето на политичките актери кои опстануваат како одраз на нашата граѓанска волја.

Ако сте еден од ретките кои ќе оставите впечаток на пристоен човек кому може да му се верува, кој сака и може да ги реши проблемите, нема да се вклопите во класичниот стереотип, и станувате мета на политички игри, злобници и профитери, кои по секоја цена ќе сакаат да ви го извалкаат образот, и да ја разбијат перцепцијата во јавноста за вас како некој кој навистина се обидува да се издигне над таа „депонија“.

Политичките борби меѓу „нашите и „вашите“, „станаа војна меѓу доброто и лошото, а војната бара безусловна поддршка за водачот на племето“. Ако кажете нешто лошо против „вашите“, тоа значи дека сте предавник, а предавниците треба да бидат „протерани“.

Затоа вие добронамерните и искрените во оваа бара полна со „политички крокодили„ најдобро е „Памет во глава и задникот до ѕид!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 254 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот