Дипломиран и по социологија и по медицина, 27-годишниот Фатлум Криезиу е еден од многуте членови на малцинските заедници на Косово со високообразовни квалификации кои залудно бараат работа. На овој припадник на ромската заедница воопшто не му помогнало тоа што има факултетски дипломи во неговото CV. Криезиу вели дека повеќе пати аплицирал за работа во јавните институции, но безуспешно. Најчестиот одговор што го добивал за одбивање е дека диплома не е доволна за позициите за кои аплицирал.
Многу други млади луѓе од неговата заедница имаат сличен проблем.
Дури и ако се високообразовани, тие остануваат на маргините на мејнстрим општеството, како и цел на антиромските предрасуди и дискриминација.
Ромите, ашкалите и египетските заедници во Косово со години се соочуваат со проблеми со вработувањето. Дури и со универзитетски дипломи, тие остануваат исклучени од општеството.