Ромскиот Демократски Сојуз - РДС се прашува: Дали е време за старт на „Ромскиот политички фронт„?

Дали е време Ромите и ромската политичка елита да се насочат кон дејствување и формирање на „Ромски политички фронт„?

Дали е време да се „отрезниме„ и да бидеме реални дека овој фронт може да донесе некои позитивни промени, пред се кај ромската заедница.

Потребно ли е да се преиспитаме и да направиме една ретроспектива наназад и да ја увидиме денешнава состојба и дереџето до каде сме дојдени.

Да набројуваме се што добила ромската заедница, а што изгубила со воведувањето на плурализмот во Република Македонија, ќе биде само губење време.

Мислење е дека е потребно да се сврти „нов лист„.

А тој нов лист според РДС е дејствување на „Ромскиот фронт„ Како треба да функционира тој „Ромски Фронт„?

 

Веднаш на старт мора да се каже – елиминирање на сите самобендисани, егоисти, стенд ап политиканти, кариеристи, лицемери, „инстант политичари„ како и самопрогласени лидери или лидер на човек  партија.

Потребни се луѓе кои на прво место ја ставаат Ромската заедница, а не партиска определеност. Потребно е единство и заедничко делување. Потребна е сплотеност, а не интриги, сплетки.

Тоа значи дека потребно е единство како никогаш досега.

Доколку се случи и промена на изборниот модел тоа е шанса повеќе за нас Ромите да делуваме заеднички, затоа што со изгласан закон за една изборна единица и индивидуален настап буквално резултатите би биле катастрофални.

Со заеднички истакнати листи и доколку се усвои овој изборен модел со една изборна единица без праг, тогаш практично и ќе нема потреба, условно помалите политички партии да влегуваат во некои предизборни коалиции, туку ќе може секоја партија самостојно да си настапи на избори да ја презентира својата програма и потоа врз основа на добиената поддршка од граѓаните, каде што е тоа секаде во демократските земји да прави договори за понатамошно коалицирање, 

Ова преставува убава шанса за заедничко дејствување како – Ромски Фронт.

Ромскиот фронт би било добро да биде заедничко делување на сите ромски политички фактори и со здружени сили да се дојде до посакуваната цел.

На таа листа би биле застапени луѓе кои имаат доверба кај ромската заедница, без разлика на партиска припадност.

Сите застапени на таа листа кој би добиле евентуална доверба од електоратот и завземат позиции во законодавната и извршната власт, (пратеник, министер, зам.министер) во понатамошното дејствување (застапување во вториот и третиот ешалон) тогаш предност ќе имаат тие лица и партии чии преставници не се во законодавната и извршната власт, за да се постигне еднаков баланс.

Само така заеднички и сплотено Ромскиот фронт би преставувал значаен сегмент во политичкото дејствување и да завземе повисоко место во институционалната хиерархија, и фактор во политичките одлуки.

Тогаш не би биле толку лесно „тргнати на страна„ и на маргините на дејствувањето. Тогаш би биле значаен фактор во донесување на разни одлуки на ниво на државата.

Уште еднаш ќе повторам тука се потребни, храбри, прогресивни интелектуални личности, кои без пардон и страв же знаат што е потребно да бараат. За самобендисани, егоисти, стенд ап политиканти, кариеристи, лицемери, „инстант политичари„ како и самопрогласени лидери или лидер на човек  партија, полтрони, фотељаши, шлепери и слично, нема место во Ромскиот фронт. Да сме на чисто!

 

РДС како иницијатор на оваа опција на Ромски политички фронт има стратегија , идеа и гаранции за нејзино дејствување. Сите засегнати страни  доколку имаат желба може многу лесно да дојдат и да се  договорат со РДС околу нејзина реализација. РДС ви стои на располагање.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 221 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот