Росарио дел Кармен Гонзалес Флорес попознат како Росарио Флорес роден на 4 ноември 1963 година) е двократна шпанска пејачка добитник на латино Греми награда.
Родена е во Мадрид, Шпанија, како ќерка на Антонио Гонзалес („Ел Пескаила“) и познатата пејачка Лола Флорес. Таа е сестра на пејачката Лолита Флорес и кантавторот Антонио Флорес. Таа има ќерка со нејзиното поранешно момче Карлос Орелана. Нејзиниот втор син, Педро Антонио, е роден на 21 јануари 2006 година, истиот ден како и неговата баба Лола Флорес. Росарио и Педро Лазага, нејзиниот партнер и татко на нејзиниот втор син, се запознале на снимањето на филмот на Педро Алмодовар „Hable con ella“ во 2001 година.