Мој став: По се изгледа дека државата го одбра патот да ги понижува Ромите, нема ниту зам.министер Ром

Македонија во минатото беше земја лидер за вклученост на Ромите. Првиот ромски пратеник во Европа беше Абди Фаик, градоначалникот и министер Неждет Мустафа Ром. И земјата се гордееше со нив и на сите европски средби се китеше со тој гест на еднаква вклученост на Ромите во политиката и власта.

Текстот е во насока да се овозможи континуитет на добрите политики на претходните влади. СДСМ по својата идеологија е про-малцинска партија па така сега требаше да овозможат реализација на ова барање на ромската заедница.

Со вклученоста на Ромите во новата Влада, Македонија можеше да смета на докажани експерти од областа на ЕУ интеграција, меѓународни односи, дипломатија, човекови права, застапување на работи што се битни за надворешниот имиџ на државата. Во ромската заедница има и добри познавачи на културата, здравството, социјалните права или економијата.

Ромите се подготвени да и помогнат на државата, а прашање е колку СДСМ и коалицијата се докажаа дека имаат реформски и прогресивни размислувања за делување?

Но по се изгледа дека Македонија , а вклучувајќи го тука и претседателот на новата Влада потребно е да ја преиспита својата одлука по однос на распределбата на функциите во државата.

Ромската заедница се надеваше дека во предвидените планови за инклузија на Ромите во општеството и во јавните институции, се предвидуваше и назначување на Роми/ки на раководни функции во државните институции кои се од витално значење за унапредување на положбата на Ромите во Република Северна Македонија.

Во однос на замениците министри, 9 се Албанци, 6 Македонци и 2 Турци се на листата кои ги предлага владата, а треба да бидат избрани од ова Собрание.

Меѓу т. н. втор политички ешалон нема место за ниту еден Ром, Србин, Бошњак, Влав или од другите помали заедници иако тие реално претставуваат 7% од населението во Македонија.

Мој впечаток е дека државата го одбра патот да ги понижува Ромите, со одлука да нема ниту зам.министер Ром. Можеби перцепцијата ми е лоша. Ако е лоша и неточна – Господо Ви се извинувам!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 321 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот