Одржан е 9-от Состанок за вклучување на Ромите во Р.С.Македонија

Во Владата на РС Македонија на 24 февруари се одржан е 9-от Состанок за вклучување на Ромите во Р.С.Македонија, со цел преглед на спроведувањето на оперативните заклучоци од состанокот во 2019 година и утврдување на оперативни заклучоци за следните две години.

Организацијата на состанокот беше во тесна соработка со Делегацијата на Европската Комисија, Националната контакт Точка на Ромите, МТПС како и Секретаријатот за Европски прашања.

Во делот на дискусијата и говори свое обраќање имаше и Министерката за Труд и социјална политика г-ѓа Јованка Тренчевска , пратеничката Љатифа Шиковска, Советникот претседатлот на Владата за Инклузија на Ромите Елвис Мемети, лидерот на тимот за интеграција на Ромите 2020 Орхан Усеин и др.

Инаку пратеничката Љатифа Шиковска во својот дел ги истакна своите видувања за тековните состојби и каде би можела како пратеник

да придонесе во насока на подобрување на можностите за инклузија и интеграција на Ромите.

 

Таа ги спомна и неколкуте предизвици со кои се соочуваат Ромие во нашата држава.

Таа во својот говор го кажа и проблемот со лицата без изводи од матичната книга на родени и истакна дека Собранието донесе Закон со кои се обезбедува остварувањето на четири суштествени права, но сепак истиот се соочува со проблем за спроведување. Според неа во овој случај јасно е дека најголем проблем се административните бариери.ЀВо врска со бездомништвото истакана дека лицата без домови се оставени на милост и немилост и потребно е да се има посебни програми со кои ќе се третираат ваквите состојби.

Во делот на образованието Шиковска напомена  во време на COVID пандемијата, се соочува со проблеми, на квалитетно совладување на наставната програм во училиштата и осипување. Затоа институциите треба сериозно да пристапаткон решавање на овој проблем.

 

Исто како суштински проблем беше истакнат и вработувањето на Ромите. Таа напомена дека посебно станува проблематично појавата на случаеви на дискриминација и стереотипи во процесите на вработување во јавниот и приватниот сектор.

Исто така и во областа на сиромаштијата најпогодени се децата и жените кои се најчесто на улица и питачат. Накрајот потенцираше и предлози кои се потребни државата да ги имплементира и воедно заклучи дека како преставници на Ромите, мора да бидеме свесни, одговорни, посветени кон решавањето на предизвиците со кои се соочува Ромската заедница, а со тоа ќе придонесеме кон поголема инклузивност и видливост во општеството.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 138 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата