Движењето Ромски Демократски Сојуз - РДС: „Културна елиминација на Ромската заедница во Република Северна Македонија„

Изминатата недела  една од поважните информации кога се спомнува Ромската заедница беа објавените резултати од Министерството за култура од Конкурсот за подржани проекти за 2022 година.

Како и иминатите години и оваа година до израз дојде и тоа во поголем размер е малиот буџет доделени средства за ромски проекти од областа на културата. Поразително е тоа што од вкупниот буџет од 17 милиони евра за Ромската заедница припаднаа само 30.000 евра и подржани беа само 13 проекти.

Со овој акт буквално Ромската култура „го допре дното„. Нормално имаше и реакции најповеќе од организациите и здруженијата кои аплицираа на тој Конкурс.

Но се поставува прашањето: „Каде се сега ромските политички лидери?„. Кога се потребни гласови за избори, и гласови за позиции тогаш влегуваат по куќи, дворови, улици и ветуваат „мед и млеко„. Но штом ја остварат својата мисија, Ромите веќе се заборавени.

И така после „политичкиот и економскиот погреб„ на Ромите во државата, со оваа пасивност од страна на ромскиот политички блок со сигурност ја „погребуваат„ и ромската култура, јазик, традиција.

Не може сама „малата културна ромска чета„ да направи културна ренесанса доколку немаат и најмала поддршка и од ромските политички лидери.

Сакале или не, мора да се признае дека во нашата држава, доколку немаш политичка моќ  тогаш остануваш „тотално невидлив„ од сите аспекти.

Затоа Движењето РДС порачува дека во секој момент доколку ромските културни работници се одлучат на конкретни чекори и мерки во знак на револти дека од Движењето РДС ќе ја добијат целата поддршка. Истовремено Движењето РДС испраќа порака и до ромските политички лидери да бидат похрабри и подостоинствени во искажување на поддршка, затоа што со нивното премолчување и пасивност не само што нема да помогнат, туку ќе бидат и  едни од директните виновници што се што е ромско во државата полека но сигурно изумира.

Тоа во превод значи дека и ромските лидери ќе бидат дел од екипата на „егзекутори„  и културна елиминација на Ромската заедница во Република Северна Македонија..

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 140 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот