Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари (500 евра) и е повисока за 335 денари – 5 евра во споредба со јануари 2022 година. Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари – 250 евра или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари – 190 евра, односно 31,85 отсто.
За хигиена на едно четиричлено семејство во февруари годинава според синдикалната кошничка му биле потребни 2.453,63 денари – 60 евра или 6,79 отсто, за превоз 2.766,32, - 65 евра односно 7,65 отсто и за облека и обувки 2.156,61 денар – 30 евра, поточно 5,97 отсто. За култура семејството требало да одвои 1.067,86 денари – 15 евра, односно 2,95 отсто, а за одржување на здравје 749,07 денари – 12 евра или 2,07 отсто од вкупната сума на минималната синдикална кошничка..