РДС се прашува: Дали и двајцата ромски советници во Владата се на листата за укинување?

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе го намали бројот на неговите советници и ќе има најмалку од сите претходни премиери. Тој рече дека некои од советниците повеќе нема повеќе да бидат на таа функција, а други ќе работат на линиски работи во организациски единици според квалификациите. Посочи дека имињата на оние што веќе се планирани да бидат советници не може да ги објави зашто тоа сѐ уште не е официјално. Сепак, посочи дека тие се висококвалификувани и признати професионалци во своите области.

Ромскиот Демократски Сојуз – РДС од поранешните искуства, како и од односот на државата кон Ромската заедница го постувува и прашањето: Дали на таа листа за „отстрел„ се и двајцата советнници од Ромската заедница – Елвис Мемети и Аксел Ахмедовски?

Поучени од минатото веројантностав е дека многу лесно може да се случи Ромите да немаат свој преставник ниту во Владата. А со што го заслужија тоа како Ромите така и досегашните советници Елвис Мемети и Аксел Ахмедовски? И двајцата се докажани професионалци и стручни во областите кои делуваат. Во нивната струлност не смееме да се посомневаме.

Но дали и Владата така мисли. Веројатноста е дека одоговорот е – Не! Да се грижеѓе државата и најмалку за Ромската заедница досега ќе имаше и Министер, и заменик министер , ќе профункционираше и Секретаријатот за Ромски прашања. Ќе стартуваше и Директориумот. Но од сето тоа останаа само – празни ветувања.

Познавајќи ги капацитетите на ромскиот политички блок оваа состојба може да трае до вечност, ако се очекува и нивна реакција. Но за жал ја нема. Затоа е потребно сега и РДС како движење , и слични на неа како што се АВАЈА, или Невладиниот сектор и др, потребно е да го постават  ова прашање на маса и да се побара решение за оваа безизлезна ситуација. Доколку останат Ромите без свои преставници во Извршната власт тогаш и понатаму Ромите ќе бидат дел од слободно кажано „геноцид„ од образовен, културен, економски, социјален, општествен и секаков друг аспект. Воопшто Ромите ќе продолжат да бидат и понатаму како и досега – сосема невидливи и тргнати на страна. Мислиме дека Ромите не го заслужуваат овој третман и сето ова да го гледаме немо.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 86 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот